Искусниот стручњак Луис ван Гал беше официјално претставен како нов селектор на холандската репрезентација, а во таа прилика изјави дека му е голема чест повторно да биде на оваа позиција.
Ван Гал го наследи Франк Де Бур по разочарувачкото учество на ЕП оваа година и елиминацијата во осминафиналето. Искусниот стручњак ќе ја води репрезентацијата по третпат во својата кариера.
„Ми беше чест кога станав тренер во 2000 година, а исто така и во 2012 година. Така е и сега. Ова не го правам за себе, туку за да му помогнам на холандскиот фудбал. Да бев на местото на Фудбалскиот сојуз на Холандија, исто така ќе се назначев себе си за тренер. Кој друг би можел да ја работи оваа работа? Можеби звучи чудно, но искуството е многу важно сега, бидејќи немаме многу време“, изјави Ван Гал.
Холандија ги чека квалификациите за Светското првенство. Нејзиниот прв следен ривал ќе биде Норвешка на 1 септември, по што следуваат натпреварите против Црна Гора (4 септември) и Турција (7 септември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА