Ван Перси: Раководството и фудбалерите на Јунајтед го прекршија „златното правило“ на Сер Алекс

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси, со кој „црвените-ѓаволи“ ја освоија последната титула во Премиер-лигата вели дека фудбалерите од актуелниот тим заедно со раководството го прекршиле „златното правило“ на Сер Алекс Фергусон.

„Во мое време Ферги имаше „златно правило“. Не е проблем да се изгуби натпреварот, туку не смее да се случи да трчаме помалку од противникот. Секогаш сакаше да покажаме сто отстотна посветеност и борба“, изјави Ван Перси.

Манчестер Јунајтед се наоѓа во очајна форма и се поголеми се шпекулациите дека жртва на лошите игри ќе биде менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Се вчитува...