Ванда: Сакам Икарди да остане во Интер

Продолжува сагата околу ситуацијата со Мауро Икарди во Интер. Неговата сопруга и агентка Ванда Нара не размислување за евентуалното заминување на напаѓачот од „Џузепе Меаца“.

„Натпреварот за викендот го гледавме дома. Не сакам ништо да зборувам, да не бидам погрешно сфатена, но навистина би сакала Мауро да остане во Интер“ – изјави Ванда Нара.

„Навивам за Интер и се надевам дека оваа ситуација што побрзо ќе се реши. Мауро сака да остане тука и јас ќе го почитувам тоа“ – истакна агентката на аргентинскиот напаѓач.

Во последното коло од Серија А, Интер и без помошта на Икарди успеа да го победи СПАЛ со 2-0.

Се вчитува...