Ванеса Брајант: Зошто да се будам секој ден кога моето дете веќе го нема

Сопругата на прерано починатата НБА ѕвезда, Коби Брајант, Ванеса не може да ја прифати смртта на сопругот и на ќерката Џиџи. Вели „телото одбива да ја прифати оваа реалност“. Во објава на социјалните мрежи, Ванеса пишува дека тешко наоѓа зборови за да искаже како се чувствува.

„Мозокот ми одбива да прифати дека и Коби и Џиџи веќе ги нема. Не можам да ги поднесам овие информации истовремено. Телото ми одбива да прифати дека Џиџи веќе нема никогаш да ми се врати. Ова е погрешно. Зошто јас да ја имам можноста да се будам секој ден кога моето дека ја нема таа шанса. Многу сум лута. Тогаш сфаќам дека морам да бидам силна за моите три ќерки. Благодарна сум што сум тука со Наталија, Бјанка и со Капри“ – пишува Ванеса Брајант.

Таа претходно објави дека комеморацијата која всушност како што рече ќе биде „прослава на животот“ за Коби и за Џиџи ќе се одржи на 24. февруари во „Стејплс Центар“, домот на Лос Анџелес Лејкерс.

 

 

Се вчитува...