Ливерпул успеа да стигна до триумф од 2-1 против Вест Хем во седмиот натпревар сезонава во Премиерлигата. На „црвените“, овој пат, ниту ВАР-системот не успеа да им ја „украде“ победата иако во 77. минута имаа сомнително поништен погодок по интервенција на технологијата.
При 1-1, во 77. минута Диого Жота постигна погодок но беше поништен поради претходен прекршок во напад.
Сепак, Жота во 85. минута погоди по извонредна акција на Шаќири за конечен триумф од 2-1.
Претходно, гостите поведоа уште во 10. минута со голот на Форналс, а Ливерпул израмни со голот од пенал на Мохамед Салах во 42. минута.
Новите три бода за Ливерпул значат и продор на врвот од табелата со 16 бода, три повеќе од второпласираниот Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА