ВАР поништи дури три гола на Сасуоло, на крај Наполи со триумф… (ВИДЕО)

Наполи триумфираше со 2-0 против Сасуоло во 36. коло од Серија А.

Во натпревар во кој на Сасуоло му беа поништени дури три гола, во 37., 49. и 61. минута, по интервенција на ВАР системот, на крајот Наполи славеше благодарение на убавиот погодок на Елсед Хисај уште во 8. минута од средбата. А, конечните 2-0 ги постави Алан во 94. минута.

 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во 79. минута на натпреварот на местото на Зјелински.

Се вчитува...