Вардар е далеку пред сите, но Охрид има за што да жали (фотогалерија)

Вардар ја збогати својата колекција на трофеи со нов пехар од Купот на Македонија, натпреварување во кое „црвено-црните“ се апсолутни владетели во мак-ракометот.

Вечерашниот трофеј во Струмица беше вкупно 18. во колекцијата на „вардарци“ кога станува збор за куп-натпреварувањето, далеку пред Металург со шест и Пелистер со пет.

Охриѓани пак имаат за што да жалат, за пропуштените „плус три“ на половина од второто полувреме, што сепак беа недоволни за да се земе скалпот на фаворитот.

Големиот напредок кај „сино-белите“ е најава за уште поголеми амбиции од следната сезона. Да го симнат од тронот – сезонава „недопирливиот“ Вардар.

Се вчитува...