Вардар го напаѓа Ѓорче, Работнички го сака скалпот на Струга ТЛ

Вардар осоколен по триумфот над Шкупи и претходното реми со Работнички, денеска (15.30 часот) оди на гости во Ѓорче Петров на мегдан со уште еден скопски ривал, Македонија ЃП. Тренерот Александар Васоски умее да извлече максимум од својот тим, ќе се обиде да стигне до позитивен резултат и против „лавовите“ на Жикица Тасевски. Ќе биде тоа интересно надмудрување на двајцата стратези.

Работнички се врати од Тетово со скалпот на Ренова, па избраниците на Ратко Достаниќ сега сакаат нов, од составот на Струга Трим Лум. Работата на Срѓан Захариевски полека почна да дава резултати во Струга и амбициите се се поголеми. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари се очекува да биде навистина интересна.

Останатите четири натпревари од шестото коло во Првата лига се играат утре.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО (ДЕНЕСКА, 15.30 Ч.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (УТРЕ)

СИЛЕКС – БОРЕЦ

ШКУПИ – РЕНОВА

БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...