Вардар го пречекува Шкупи, тоа секогаш е посебен меч

Вардар е делумно реновиран, доведе речиси цел нов тим пред крајот на преодниот рок и сега тренерот Александар Васоски има на располагање значително поширок ростер, а Шкупи е сезонава сериозен кандидат за највисок пласман. Доволна причина за дуелот на арената „Тодор Проески“ да привлекува најголемо внимание во денешната понуда од Првата фудбалска лига.

Вардарци оваа сезона не се така квалитетни, но, сепак, се надеваат дека ќе можат да се вклучат во трката за титулата. Шкупи тргна одлично, а поранешниот вардарец Дарко Глишиќ, кој сега го носи дресот на тимот од Чаир, вели дека Вардар никогаш не смее да се потцени.

„Играм против својот поранешен клуб, но јасно е дека ќе дадам се од себе за Шкупи да дојде до посакуваниот резултат. Вардар никогаш не смее да се потцени, бидејќи повторно собра многу квалитетни фудбалери во своите редови. Ако играме како против Пелистер или најмалку како со Нефчи, верувам дека ќе дојдеме до победата“, изјави бекот на Шкупи, Дарко Глишиќ.

Ренова во Тетово го пречекува Работнички, Пелистер е домаќин на Македонија ЃП, а Борец во Велес ќе го нагости Академија Пандев.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО

ВАРДАР – ШКУПИ

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС 2-0 

Се вчитува...