Вардар ќе „тестира“ со Кит Го, Брегалница со „лавовите“

Паузата поради настапите на македонските репрезентации, фудбалерите на Вардар ќе ја искористат за пријателски натпревар со второлигашот Кит Го од Пехчево.

Тест дуелот ќе се одигра в недела (6. септември) со почеток од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

Пријателски натпревар закажа и Македонија ЃП која во сабота (5. септември), пак, ќе гостува на Брегалница во Штип. Дуелот ќе се игра со почеток од 19 часот.

Се вчитува...