Вардар не прима „Шверцери“ на неделниот дуел со Шкупи

Актуелниот македонски првак Вардар нема да дозволи присуство на гостински навивачи на неделниот натпревар против Шкупи, во рамките на 27.коло од Првата фудбалска лига. Клубот објави соопштение со кое се повикува на забраната за присуство на госински навиваќи и симпатизери на трибините.

„За публика ќе биде отворена само северната трибина, каде што ќе бидат сместени и камерманите и медиумските работници. За нашите навивачи Комити, ќе бидат сместени на западната трибина.

При купување на влезница од билетарата на Националната Арена „Филип Втори“, задолжително е покажување на документ за лична идентификација. Билетот ќе чини 100 денари.

Потсетуваме дека и за овој натпревар важи забраната за присуство на гостински навивачи и симпатизери на трибините, односно нема да им биде дозволен влез на истите“, стои во соопштението на ФК Вардар објавено на официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...