Вардар ремизираше (1-1) со романскиот третолигаш Униреа Алба Јулија на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Анталија, Турција.
На дуелот на кој настапи, во голема мера, резервниот состав на Вардар, црвено-црните повеле уште во 5. минута со голот на засилувањето од овој преоден рок, Аргентинецот Мануел Куестас.
Романците до ремито дошле во 74. минута со голот на Себастијан Јон.
Последниот контролен натпревар во Турција, Вардар ќе го одигра на 5 февруари против романски Рапид Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА