Вардар се засилува пред истекот на трансфер-прозорецот: Петровиќ, Игески, Чарлс, Мирчевски…

Најтрофејниот македонски клуб Вардар најверојатно ќе крене глава пред крајот на трансфер-прозорецот и ќе успее да регистрира неколку нови засилувања. Поголем дел од нив веќе тренираат со „црвено-црните“, но конечно раководството најде начин да ја тргне забраната со исплата на заостанат долг кон Гандазар и ќе може да ги верификува потписите на четворица фудбалери.

Поранешниот репрезентативец Милован Петровиќ, голманот Александар Игески, Бразилецот Чарлстон да Силва, а договорено е и доаѓањето на Мартин Мирчевски од Беласица. Со овие нови имиња, тренерот Александар Васоски ќе има значително поширок ростер во продолжението од првенството. До 6.септември, последниот рок за трансфери, Вардар ќе треба да одлучи дали ќе го регистрира Марко Мартинага, 22-годишниот хрватски интернационалец кој е на проба.

Се вчитува...