Вардар со негатива на полувреме против Башкими

Најтрофејниот македонски клуб Вардар има негатива од 2-1 на гостувањето кај Башкими во единствениот денешен натпревар од програмата од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Исмаили во 21. минута. Дванаесет минути подоцна следуваше нов шок за „црвено-црните“ откако на 2-0 зголеми Да Силва. Сепак, до крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Давид Бабунски во 37. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...