Вардар со победа на дебито на новиот тренер – во меч со прекини, бојкот и јасна порака!

Вардар се врати на  победничките патеки во прволигашката конкуренција откако актуелниот првак славеше на домашен терен над Арсими со 2-0.

Овој натпревар беше официјално деби на новиот тренер Миодраг Божовиќ, кој имаше победнички старт на црвено-црната авантура.

Закариќ беше стрелец на првиот гол по додавањето на Закариќ кон средината на првото полувреме, резултат со кој се замина на одмор. Вториот дел донесе несакани глетки откако домашните навивачи го напуштија стадионот по неуспешниот обид да влезат на теренот.

Мечот беше прекинат петнаесетина минути, токму поради тоа имаше и долго продолжение во второто полувреме што го искористи  Спахиу, кој рутински реализираше по одличната асистенција на Омерагиќ.

„Комитите“, но поддржани и од целокупната останата публика, испратија јасна порака за промени во раководството на Вардар, и заминување на Миленко Неделковски од функцијата извршен директор.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...