Вардар загуби од Стеауа (1-0) на првата контрола

Македонскиот првак Вардар го загуби првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија од романскиот гигант Стеауа со 1-0. „Црвено-црните“ беа рамноправен противник, но сепак направија неколку грешки во одбраната, од кои Стеауа една искористи за да стигне до триумф.

vardar - steaua 2

Пинтилии во 14.минута упати силен удар кон голот на Гачевски и ја погоди стативата, а Вардар успешно одолеваше на нападите на романскиот клуб во првиот дел. Во второто полувреме, Стеауа поведе во 60. минута со голот на Јаколис.

До крајот, Вардар се обиде да стигне до израмнување, но не успеа.

Тренерот Гоце Седлоски го почна натпреварот со следниот тим: Гачевски, Брдаровски, Новак, Попов, Глишиќ, Глигоров, Николов, Колевски, Барсегјан, Џигаури, Петковски.

Се вчитува...