Вардар пред почетокот на новата сезона загуби уште два огромни таленти на македонскиот фудбал, Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов, и двајцата членови на репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години, кои кариерата ја продолжуваат во сплитски Хајдук.
И двајцата „вардарци“ денеска потпишаа двегодишни договори со Хајдук, со можност за продолжување на истите на уште една. Следната недела се очекува и официјалната промоција на македонските бисери во дресот на сплиќани.
Претходно од Вардар заминаа и младинските репрезентативци Младеновски, Али Адем и Ибиши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА