„Вардарки“ чекаат ривал, Дибирова испишува историја

Се е подготвено за денешната ждрепка за полуфиналните двојки на фајналфор турнирот во ЛШ во женска конкуренција, што ќе се одржи на 12 и на 13 мај во Будимпешта. Во пресрет на извлекувањето во Унгарија, еве дел од статистичките податоци поврзани со резултатите оваа сезона, но и со традицијата од досегашните Ф4 турнири.

0 – Ниту еднаш досега од воведувањето на Ф4 турнирот не се случило актуелниот првак да го одбрани трофејот.

1 – Ирина Дибирова е единствената што има можност да се закити со трофеј и како играч и како тренер. Таа како ракометарка беше европска шампионка во 2005 со Шлагелсе и во 2008 со Звезда, сега може да го повтори успехот како кормиларка на Вардар.

1 – Вардар е единствениот тим што учествувал на сите досегашните фајналфор турнири во Будимпешта.

1 – Еден дебитант е дел од овој Ф4 турнир, рускиот претставник Ростов Дон кој лани се закити со трофејот во ЕХФ Купот.

1 – Една ракометарка атакува на петтата титула во ЛШ – Катарина Булатовиќ од Ростов која претходно беше европска шампионка со Шлагелсе (2007), Будуќност (2012, 2015) и Ѓер (20140.

4 – Тренерите на полуфиналистите се од четири различни националности, и тоа не од екипите што ги водат: Пер Јохансон (Шведска, ЧСМ Букурешт), Амброш Мартин (Шпанија, Ѓер), Ирина Дибирова (Русија, Вардар) и Фредерик Бужин (Франција, Ростов).

4 – На теренот во Будимпешта ќе се најдат четири освојувачки на ИХФ наградата за најдобра светска ракометарка: Кристина Неагу (2010, 2015, 2016), Едуарда Аморим (2014), Андреа Лекиќ (2014) и Анита Горбич (2005).

12 – Дванаесет ракометарки кои беа дел од финалето на ОИ во Рио во 2016 година ќе настапат на овој фајналфор турнир. Од нив три „вардарки“, и тоа Русинката Полина Кузнецова и Французинките Лакрабер и Лејно.

910 – Бројот на голови во ЛШ на Анита Горбич, со што унгарската ѕвезда убедливо води како најдобар стрелец на елитното европско натпреварување.

Најдобар напад во ЛШ сезонава

418 гола – Вардар

404 гола – Букурешт

389 гола – Ѓер

384 гола – Ростов

Најдобра одбрана во ЛШ сезонава

330 примени гола – Ростов

339 примени гола – Вардар

339 примени гола – Букурешт

343 примени гола – Ѓер

Се вчитува...