„Вардарки“ го добија Крим, повторно се број 1 во регионот

Ракометарките на Вардар по голема битка славеа над Крим со минимални 32-31 во рамките од регионалната ВРХЛ лига, триумф што им го осигура на „црвено-црните“ и шампионскиот трофеј со оглед на доминацијата на досегашните мечеви од ова натпреварување.

Словенечкиот состав им создадоа огромни проблеми на „вардарки“, откако го доби првото полувреме со 13-16. Избраничките на Дибирова на стартот од вториот дел се соочија со пет гола негатива (15-20), но потоа се разбудија во вистински момент, влегоа во серија и на крајот во драматичен финиш славеа со 32-31 со голот на Андреа Пенезиќ на помалку од десет секунди до крајот.

Пенезиќ ја предводеше листата на стрелци со осум гола, пред Цвијиќ и Лекиќ со по пет постигнати погодоци.

Се вчитува...