Василев: Атмосферата во тимот е одлична, сакам медал во Тбилиси (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години денеска го одбработе тренингот во салата во Тбилиси од каде утре го започнува походот кон „А“ Дивизија на Европското првенство кое се одржува во Грузија, а за противници покрај Грузиците ќе ги имаме и Косово, Австрија и Шведска.

Со оглед на ростерот на играчи „црвено-жолтите“ се едни од фаворитите за висок пласман, а амбициите не ги криеше ниту предводникот на една од нашите најталентирани генерации, Никола Василев кој вели дека сака медал во Тбилиси.

„После триесет дневни подготовки, може да кажам дека постигнавме оптимална натпреварувачка форма со екипата. Одигравме шест пријателски натпревари кои беа со противници од различен квалитет и од кои добивме појасна слика како би требало да изгледа нашата игра. Атмосферата во екипата е одлична. Како и во секој подготвителен период имавме помали здравствени проблеми со некои играчи, но навремено ги решивме. Јас верувам во овие момци и се надевам дека ќе оствариме добри резултати и пласман во посакуваните топ 3. Секако  треба да бидеме фокусирани на првите натпревари во групата во која се наоѓа и домаќинот Грузија, која заедно со Србија, Финска се еден од фаворитите на првенството“, вели Василев.

Првиот предизвик за младинската репрезентација е Австрија во натпревар кој ќе биде одигран од 19 часот и 15 минути.

Се вчитува...