Васоски: Дадовме гол кога се одлучуваше мечот, заслужено го освоивме Купот

Куп трофејот заминува во рацете на Силекс. Вечерва кратовскиот тим со победа од 1-0 над Шкендија, успеа да се закити со четвртиот пехар во историјата во ова натпреварување.

Со тоа Силекс покрај Купот, си го обезбеди и настапот во Лигата на Конференции престојното лето.

Тренерот на кратовскиот тим, Александар Васоски после финалето и освоениот пехар, видно задоволен од победата и од освојувањето на Купот.

„Како што и очекувавме, тежок натпревар. Можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено таков важен меч да игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на лева страна, да направи вишок, и успеавме во тоа дадовме гол на време, и мислам заслужено го освои Купот. Честитам на момците, ако минатата за малку ни избега во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас“, изјави Васоски.

„Не беше најдобар натпревар на Силекс сезонава, но првично се договоривме да ги затвориме нивните приоди, и после 60-та минута да удриме со силно оружје. Затоа можеби Мирчевски остана на клупата, но токму во тие мигови кога се одлучуваше мечот поентиравме“, додаде Васоски.

Се вчитува...