Ваучери во фудбалот: Работнички со повеќе пари од Вардар и од Шкендија

Конечно, тргна работата околу користење на средствата за даночно ослободување по Законот за данок на добивка, откако по спортските федерации, ваучери почнаа да стигнуваат и до клубовите. Така, Фудбалската Федерација на Македонија денеска и официјално ја објави листата на клубови кои ги исполнуваат критереиумите за оваа мерка, ако и висината на ваучерите што ги имаат добиено.

Интересно, највисок ваучер има тимот на Работнички, пред Вардар и актуелниот првак Шкендија.

Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови:

1. ФК РАБОТНИЧКИ АД Скопје, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари;
2. ФК ВАРДАР АД Скопје, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари;
3. ФК ШКЕНДИЈА АД Тетово, ваучер во висина од 6.348.252.оо денари.
4. ФК ПЕЛИСТЕР АД Битола, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари;
5. ФК МАКЕДОНИЈА ЃП АД Скопје, ваучер во висина од 5.066.680.оо денари;
6. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 4.619.620.оо денари;
7. ФК ТЕТЕКС АД Тетово, ваучер во висина од 4.470.600.оо денари;
8. ФК ШКУПИ АД Скопје, ваучер во висина од 4.112.952.оо денари;
9. ФК РЕНОВА АД Тетово, ваучер во висина од 3.963.932.оо денари;
10. ФК ПОБЕДА АД Прилеп, ваучер во висина од 3.516.872.оо денари;
11. ФК БРЕГАЛНИЦА АД Штип, ваучер во висина од 3.427.460.оо денари;
12. ФК ГОСТИВАР АД Гостивар, ваучер во висина од 3.367.852.оо денари;
13. ФК СКОПЈЕ АД Скопје, ваучер во висина од 3.129.420.оо денари;
14. ФК БЕЛАСИЦА АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 2.831.380.оо денари;
15. ФК СИЛЕКС АД КРАТОВО, ваучер во висина од 2.622.752.оо денари;
16. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ, ваучер во висина од 2.533.340.оо денари;
17. ЖФК ИСТАТОВ, ваучер во висина од 539.580.оо денари;
18. ЖФК ТИВЕРИЈА, ваучер во висина од 533.232.оо денари;
19. ЖФК АС ЈУНАЈТЕД, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
20. ЖФК ДРАГОН, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
21. ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари;
22. КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ, ваучер во висина од 443.700.оо денари;
23. ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари;
24. ЖФК КОЧАНИ, ваучер во висина од 380.880.оо денари;
25. КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА, ваучер во висина од 284.200.оо денари;
26. ЖФК САСА КАМЕНИЦА, ваучер во висина од 279.812.оо денари;

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, дека ваучерот ќе може да го подигнат од 11.06.2019 година во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите кои имаат аплицирано за ваучер, а истите не се на листата наведена погоре за повеќе информации да се обратат до Агенцијата за млади и спорт.

Истотака, ги известуваме фудбалските клубови и заинтересираните страни (правни и физички лица) дека Фудбалската Федерација на Македонија се уште нема информација во врска со апликацијата за ваучерот за Фудбалската Федерација на Македонија.

Се вчитува...