Важен потпис во ПСЖ, како најава за Нејмар и за Мбапе

Челниците на ПСЖ успеаја да се договорат со Анхел ди Марија за продолжување на соработката за уште една година, објави францускиот првак на официјалната веб-страница. Аргентинецот влезе во последните четири месеци од актуелниот договор и на крајот од сезонава можеше да си замине како слободен играч, но Ди Марија секогаш истакнуваше дека негов приоритет е останување на „Паркот на принцовите“.

Двете страни експресно ги договорија условите за соработка, по што аргентинскиот плејмејкер го стави потписот на новиот едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една дополнителна сезона.

Француските медиуми овој договор го најавуваат како двете одлични вести што ПСЖ ги подготвува за своите навивачи, продолжувањето на соработката со двете најголеми ѕвезди на тимот, Нејмар и Мбапе. Сите детали на новиот четиригодишниот договор со Нејмар се веќе средени и се чека само на официјализација, а „светците“ направиле огромен чекор напред и со Мбапе, кој увиде дека ниту Реал, Манчестер Сити ниту Ливерпул ќе немаат пари за да го ангажираат во своите редови, па приоритет за него сега е остануваање во ПСЖ.

Се вчитува...