ВБО: Нема да ги признаеме титулите на руските боксери

Новиот претседател на Светската боксерска организација Франциско Валкарсел изјави дека нема да ги избрише руските борци од рејтингот на ВБО, но и дека нема да им ги признава борбите за титулата.

За разлика од него, неодамна претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман најави исклучување на руските и белоруските борци од рејтингот на оваа организација. На ваков чекор на почетокот на годината се реши и ВБА, па неколку руски боксери како Дмитри Бивол и Алексеј Јегоров останаа без името на државата од која доаѓаат.

Валкарсел одговори негативно на прашањето дали ВБО ќе ги исклучи Русите и Белорусите од рејтингот на оваа организација.

„Едноставно нема да ги признаеме борбите за титулата, во кои учествуваат Русите“, изјави Валкарсел.

Руските боксери се уште се присутни на ранг-листата на ВБО, а до нивните имиња се уште стои кратенката РУС. Шампион во ВБО (како и во верзијата ИБФ и ВБЦ) во полутешка категорија е Русинот Артур Бетербиев, кој има и канадско државјанство.

Се вчитува...