Вечера со Златан, раскинување со момчето и бегство на Сицилија – Бурните неколку дена во животот на Дилета Леота

Италијанската новинарка Дилета Леота секој ден го зголемува бројот на фанови ширум светот. Атрактивната блондинка во овој период е во центарот на вниманието поради рекламите во кои се појавува со Златан Ибрахимовиќ, но во нејзиниот живот претходните неколку дена се случија многу непредвидени работи.

Дилета стана добра пријателка со Ибра, а доказ за тоа се и фотографиите од папараците како тие заедно излегуваат во еден ресторан на вечера. Италијанските медиуми пишуваат дека Леота сега е слободна, откако наводно раскинала со боксерот Даниел Скардино, иако се уште тоа не е официјално потврдено.

Скардино е на одмор на Ибица, додека Дилета ужива со Златан Ибрахимовиќ, а потоа и со семејството кое живее на Сицилија.

Се вчитува...