Вејн Руни изненади со изборот на омилен соиграч и го искритикува Јунајтед

Вејн Руни 13 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, период во кој освои 16 трофеи со „црвените ѓаволи“. Англискиот голгетер притоа стоеше рамо до рамо со вистински легенди на спортот како Кристијано Роналдо, Руд ван Нистерлој, Ван Перси, Рајан Гигс, Пол Сколс, Немања Видиќ…, но интересно на ниеден од нив не им го препиша епитетот – омилен играч.

Во интервју за „SPORTbible” сегашниот стратег на Деби Каунти откри дека тоа е Карлос Тевез, а притоа не пропушти да го искритикува Манчестер Јунајтед за тоа што му дозволи на Аргентинецот да премине во редовите на лутиот ривал Манчестер Сити.

„Најмногу уживав кога играв со Карлос Тевез. Отсекогаш можев да се ротирам со него, јас на моменти бев деветка, тој десетка, а потоа ќе се заменевме. Кога ќе ја изгубевме топката бевме како бикови кои се обидуваат да ја вратат во свои нозе. Ми беше ужасно кога замина во Сити. Јунајтед можеше за мала сума на пари да го спречи да оди таму, но очигледно дека не сакаше“, изјави Руни.

Се вчитува...