Веќе нема дилеми: Алкараз ќе игра на Ролан Гарос

Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос откако треторангираниот светски тенисер ги надмина проблемите со повредата на раката што го мачеа во последните месеци.

Алкараз од откажувањето од турнирот во Рим тренираше во својот дом во Мурсија, а по последните детални прегледи доби зелено светло за да се врати во натпреварувачки ритам. Шпанските медиуми информираат дека Алкараз веќе резервирал и хотел во Париз, и тоа истиот оној во кој Рафаел Надал престојува при секој свој настап на францускиот гранслем турнир.

Карлос Алкараз минатата година стигна до полуфиналето од Ролан Гарос, каде што беше елиминиран од 1-3 во сетови од Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...