Велес утре домаќин на финалето од Купот на Македонија за жени

Женските фудбалски тимови на Каменица Саса и Љуботен ќе ги вкрстат копјата во финалната пресметка и борбата за трофејот во финалето на Купот на Македонија кое се игра утре со почеток во 16 часот на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Двете екипи и во минатата сезона играа во финалето на најмосовното натпреварување во Македонија, а триумфираше екипата на Љуботен.

Каменица Саса и Љуботен во досегашната клупска историја по еднаш го освоиле трофејот во Купот на Македонија.

Се вчитува...