Велеслаломска победа на Гут-Бехрами

Лара Гут-Бехрами се најде на највисокото место на подиумот откако швајцарската скијачка доминантно стигна до победата на велеслаломската трка во австрискиот ски-центар Кронплац.

Швајцарката беше најбрза по првото возење, по што во втората трка успеа рутински да ја задржи предноста и да стигне до триумф со вкупен резултат 2:00,64 минути. Второто место го поделија Австралијанката Алис Робинсон и Швеѓанката Сара Хектор, со една секунда и девет стотинки послабо време од победничката.

Гут-Бехрами со оваа победа го презеде и првото место во генерален пласман во велеслалом со 485 бода, пред Италијанката Брињоне со 460. Во Светскиот куп севкупно во водство е Микаела Шифрин со 1209 бода, додека Гут-Бехрами се искачи на втората позиција, со 1014 освоени бода на ски-трките оваа сезона.

Се вчитува...