Велигденско славје со два гола на Наташа Андонова

Наташа Андонова во голем стил ги прослави велигденските празници, предводејќи го тимот на ПСЖ до убедлива победа од 4-1 над Сент Етјен во полуфиналето од Купот на Франција. Токму најдобрата македонска фудбалерка беше главна ѕвезда на овој натпревар, постигнувајќи два погодоци во првото полувреме, во кое ПСЖ поведе со 3-0 и ја најави убедливата победа со која клубот од Париз се пласираше во големото финале од ова натпреварување.

Андонова го отвори резултатот со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во 18. минута, за седумнаесет минути подоцна со својот втор гол уште еднаш да покажe дека е големо засилување за ПСЖ не само за оваа, туку и за следните натпреварувачки сезона.

Андонова и соиграчите во големото финале ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Лион и Анин Бомон.

Се вчитува...