Вембањама доминираше, Сан Антонио врати еден брејк (ВИДЕО)

Го зададоа првиот удар кошаркарите на Сан Антонио во финалната серија со Њујорк Никс. Виктор Вембањама ја оствари својата прва победа во НБА финале, а Никси сега се соочија со нешто потешка задача ако сакаат да ја прекинат 53-годишнината без трофеј.

Францускиот кошаркар го предводеше Сан Антонио до триумф од 115-111 на гостински терен, и Спарси намалија во серијата на 2-1.

Вембањама го заврши мечотсо 32 поени, осум скока и шест аститенции, нанесувајќи му го првиот пораз на Никс во 46 дена, и можеби ја спасија сезоната, затоа што сигурно ќе имаат уште минимум еден меч на свој паркет.

Мечот имаше неизвесна завршница, а Стефон Касл и Де’Арон Фокс ги погодија клучните шутеви кон крајот на натпреварот, помагајќи им на Спарсите да избегнат негатива од 3-0, од ​​која ниту еден тим во историјата на НБА не се вратил. Тие сега имаат шанса да го израмнат резултатот во серијата во среда навечер и го обезбедија враќањето во серијата во Сан Антонио за петтиот натпревар во сабота.

Касл постигна 23 поени, а од друга страна, Џејлен Брансон постигна 32 поени.

Во Медисон Сквер Гарден беше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше исвиркан од публиката.

Се вчитува...