Венгер ја одбил Барселона, не сака да биде замена за Сетиен

По напуштањето на Арсенал, Арсен Венгер е без тренерски ангажман од 2018 година.

Изминативе две години Венгер доби и одби низа понуди, меѓу кои и последната изминативе денови од Барселона. Каталонскиот клуб го контактирал францускиот тренер во обидот да почнат разговори за замена на Кике Сетиен.

Според пренесувањата на француските медиуми било разговарано дури и за условите и проектот кој Венгер би го активирал на „Камп ноу“, но на крајот Французинот одлучил да ја одбие понудата останувајќи да работи на проекти на УЕФА, и како стручен коментатор на неколку француски и англиски ТВ станици.

Се вчитува...