Венгер му одговори на Мурињо: Се чувствувам како да сум во градинка

Константната тензија меѓу Арсне Венгер и Жозе Мурињо не престанува. Португалецот пред неколку дена го испровоцира стариот ривал, а Французинот не сакаше да му остане должен. Темата на новата расправија меѓу двајцата е таа што Мурињо го нема во новата книга на Венгер.

„Не ме интересираат неговите провокации. Тој константно го прави тоа. Се чувствувам како да сум во градинка со него. Тоа е дел од неговата личност. Го победивме два пати. Толку пати го победивме, а доста пати игравме и нерешено. Но, не е тој, тој што победува или јас. Победува тимот. Тренерот е тука само да го извлече најдоброто од своите фудбалери“, изјави Венгер. 

Најголемиот инцидент во долгото ривалство меѓу двајцата тренери се случи во 2014 година кога на еден меч меѓу Арсенал и Челси имаа и физичка пресметка.

Се вчитува...