Венгер нов селектор на Холандија!?

Легендарниот француски менаџер Арсен Венгер е пред преземање на селекторската функција на Холандија, која се очекува да ја напушти Роналд Куман.

70-годишниот Венгер е кандидат број еден за нов селектор на Холандија по заминувањето на Куман кој веќе утре се очекува да биде именуван за нов тренер на Барселона.

Како што пренесуваат дел од холандските медиуми, Венгер веќе почнал разговори со Фудбалскиот сојуз на Холандија, па наскоро треба да биде познат епилогот од преговорите меѓу двете страни.

Венгер, по две децении на клупата на „топчиите“, во 2018 година го напушти Арсенал и во моментов како стручен консултант е вклучен во неколку проекти на ФИФА и УЕФА.

Се вчитува...