Венцислав и Дејан Недев презентираа карате вештини на семинарот во Романија (ФОТО)

Венцислав и Дејан Недев одржаа свои предавања и тренинзи на европскиот ЕТКФ летен карате семинар во Ефорие, Романија. На семинарот учество земаа над 300 каратисти од повеќе европски земји. Недеви на семинарот презентираа повеќе атрактивни борбени техники, кати и бункаи-апликации.

Свои предавања до крајот на семинарот ќе одржи и легендарниот карате мајстор д-р. Владимир Јорга 9 дан – Претседател на ЕТКФ.

Се вчитува...