Венус Вилијамс e елиминирана во првото коло на Отвореното првенство на САД. Американската тенисерка Софија Кенин ја победи со 6-2 и 7-6 сонародничката Венус Вилијамс со 2-0 во првото коло на УС Опен.
Кенин, моментално 110-та на ВТА листата, беше подобра од живата легенда од Лос Анџелес, која моментално е 618-та тенисерка во светот и има 46 години.
Софија ќе игра против Џесика Пегула во второто коло, а мечот со Венус Вилијамс заврши малку по 02 часот по њујоршко време.
„Голема чест е што го споделив теренот со живата легенда на тенисот, Венус Вилијамс“, изјави Софија Кенин кратко по триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
