Вернер: Гвардиол е феномен, немам видено такво нешто

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е еден од најбараните фудбалери оваа зима. 20-годишниот стопер блесна со своите настапи за Лајпциг и на Светското првенство во Катар каде беше еден од клучните играчи на „коцкеските“ кои го освоија бронзениот медал па сега за неговите услуги се борат Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити.

За класата на младиот Хрват сега говореше и неговиот соиграч Тимо Вернер кој вели дека покрај играчките квалитети тој е и многу добар човек.

„Воопшто не е забавно да играш против него на тренинг. Гвардиол може да шутира со лева и со десна, може да додава, да нафрлува и да одигрувам дијагонали. Не знам што не може. Многу е брз и со само 20 години има тело какво никогаш не сум видел. Тоа што мислам дека е најважно кај него е тоа што е многу љубезен, пристоен, приземјен и бистар. Разбирам зошто сите го сакаат“, изјави Вернер.

Се вчитува...