Верон до Меси: Дојди во Естудијантес, ти ја чувам „десетката“

Продолжуваат ѓшпекулациите околу евентуалното заминување на Лионел Меси од Барселона. Аргентинецот влегува во последната година од договорот со Каталонците, а наводно преговорите околу негово продолжување се стопирани. Еден од клубовите кои веднаш му дадоа понуда е аргентинскиот Естудијантес. Прв човек на тимот е легендарниот Хуан Себастијан Верон. Тој вели дека е подготвен дресот со број 10 за најдобриот фудбалер на денешницата.

„Ако Меси сака во Естудијантес, „десетката“ го чека“, вели Верон. 

На Барселона не и иде баш најдобро сезонава. Во домашниот шампионат Реал Мадрид има четири бода предност и е на чекор до освојување на трофејот, а незадоволството на Меси поради лошата работа на раководството е големо.

Се вчитува...