Верона извлече бод против Интер

Верона и Интер ремизираа 2-2 на „Марк’Антонио Бентегоди“ што го остави тимот на Антонио Конте на четвртата позиција на табелата во Серија А. Во меч со пресврти, домаќинот успеа да стигне до израмнување и еден бод со голот на Мигел Велосо во 86.минута.

Верона поведе во втората минута со погодокот на Дарко Лазовиќ. Но, на почетокот на второто полувреме Интер направи пресврт. Антонио Кандрева во 49.минута израмни на 1-1, а потоа и беше дел од акцијата во која Федерико Димарко си постигна автогол. Сепак, во финишот Мигел Велосо се погрижи за Верона да освои еден бод.

Се вчитува...