Веселин Вујовиќ е нов селектор на Иран (ФОТО)

Доскорешениот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ во иднина ќе ја предводи репрезентацијата на Иран. Црногорскиот стратег официјално ќе започне со работа во aприл, а во 2023 година треба да ги предводи Иранците на Светското првенство во Полска и Шведска.

За искусниот стратег тоа ќе биде четврта репрезентација во богатата кариера по Србија, Црна Гора, Македонија и Словенија. Најголемиот успех го направи токму со Словенците кога на Светското првенство во 2017 година стигна до бронзениот медал. Оваа сезона Вујовиќ ја започна на клупата на Вардар, но по лошите резултати беше заменет со Дејвис.

Се вчитува...