Веспрем шокиран во Унгарија пред мечот со Вардар во ЛШ

Веспрем е далеку од посакуваната форма во пресрет на осминафиналниот двомеч од Лигата на Шампионите против Вардар, доказ за тоа е денешниот меч од унгарскиот шампионат на кој тимот на Дејан Манасков се посрамоти, стигнувајќи само до реми на гостувањето против Балатонфуреди (31-31).

Веспрем имаше удобна предност во првото полувреме, на одмор заминувајќи со убедливи 10-16, но и тоа беше недоволно за да се стигне до цел плен, домашните ракометари успеаја да се вратат, за момент да поведат со 31-30, за на крајот да стигнат до бод против огромниот фаворит.

Маргуч со осум и Штрлек со шест погодоци беа најефикасни за Веспрем, во чии редови Ненадиќ пет пати се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...