Првата победа во сезоната во Премиерлигата ја забележа Вест Хем Јунајтед кој го прегази Нотингем Форест во 3. коло славејќи со 0-3 во натпревар во кој сите голови беа постиганти во финишот на средбата.
Во 84. минута натпреварот го отвори Бовен на асистенција на Самерсвил, четири минути подоцна од белата точка реализираше Лукас Пакета, а во првата минута од судиското продолжение мрежата ја затресе и Вилсон на големо задоволство на навивачите на лондонскиот тим.
Манчестер Сити пак го забележа вториот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Брајтон со 2-1 и покрај тоа што имаше предност по првото полувреме благодарение на голот на Халанд во 34. минута.
Домаќините успеаја да направат комплетен пресврт во второто полувреме. Истиот започна со голот на Милер од белата точка во 67. минута, а беше комплетиран од Груда во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

