Вест за мерак: Себастијан Але повторно заигра фудбал за Борусија Дортмунд

Себастијан Але е апсолутниот победник на денешниот ден во светот на спортот, откако голгетерот на Борусија Дортмунд се врати на фудбалските терени неколку месеци откако му беше дијагностициран рак на тестисите. Екс-фудбалерот на Ајакс се појави во дресот на „милионерите“ на денешниот пријателски натпревар против Фортуна Дизелдорф што неговиот тим го доби со 5-1.

Зад Але е тешката борба со болеста, во која тој беше опериран, но и тоа беше недоволно, па Камерунецот мораше да оди и на зрачење за конечен триумф над сериозната болест.

Тој ги мина мини-подготовките во Марбелја, па тренерот на Борусија на воодушевување на сите во клубот, но и на целокупната фудбалска јавност, реши да му даде шанса во тимот за мечот со Борусија. Але влезе во игра во 76. минута на местото на Мукоко, а со него на теренот „милионерите“ успеаја да постигнат уште три гола во финишот, преку Шлотербек на асистенција на Брант за 3-1, преку Мален за 4-1, за конечните 5-1 да ги постави Мален со својот втор гол на мечот.

Се вчитува...