Вестбрук пишува нова страница во историјата на НБА: Стигнат рекордот на Чемберлен од 1968 година

Расел Вестбрук продолжува да испишува нова страница од историјата во НБА лигата, и по позитивен, но и по негативен ефект. Плејмејкерот на Оклахома изминатава ноќ го запиша својот 19-ти „трипл-дабл“ во сезоната, на тој начин достигнувајќи го рекордот на Вилт Чемберлен од сезоната 1967/68.

Оклахома загуби во Минесота, но Вестбрук ќе остане запаметен по својот нов „трипл-дабл“, 21 поен, 12 асистенции и 11 скока, но мора да се нагласи дека погоди само седум од дури 23 шута, еден од десет за три поени и загуби притоа десет топки, што е исто така еден вид негативен рекорд.

Како и да е, Вестбрук е само втор кошаркар кој во првите 40 натпревари од сезоната има „трипл-дабл“ просек со најмалку 30 поени, и по десет скока и асистенции.

„Не мислев да се зае.авам. Изгубивме. Многу грешев при додавањата. Но се случува, што да правам“ – истакна Вестбрук по поразот од Минесота.

Тој е единствен кошаркар од 1973 година кој имал во серија неколку „трипл-даблови“ а притоа и со најмалку десет загубени топки на натпреварите…

Се вчитува...