Вестбрук повторно неверојатен со 49 поени, но Харден славеше во дербито на вечерта

Изминатава ноќ беа одиграни осум меча во НБА лигата.

Индијана со 121-109 го надигра Бруклин, а тројката Пол Џорџ (26 поени), Тарнер (25 поени и 15 скока) како и Џеф Тиг (21 поен и 15 асистенции) буквално ги растури немоќните гости.

Неизвесен натпревар одиграа Детроит и Шарлот. Пистонси на домашен терен славеа со 115-114 во „луда“ завршница. Јунак во победата беше Кемба Волкер кој постигна 32 поени. На спротивната страна Тобиас Харис постигна 25 поени, а Реџи Џексон – 22 поени и на тоа дополни и 11 асистенции.

И Торонто на домашен паркет славеше против Јута со 101-93, а Лаури постигна 33 поени, надополнет од ДеРозан со 23 поени и Валанчиунас со 18 поени и 13 скока.

Во дербито на вечерта, Хјустон со 118-116 беше подобар од Оклахома на која залудни и беа и 49 поени на Расел Вестбрук. Џејмс Харден имаше „дабл-дабл“ против поранешниот свој тим постигнувајќи 26 поени и 12 асистенции, а имаше и 8 скока.

На крилјата на Денис Шродер, кој постигна 23 поени, Атланта славеше со 99-94 против Њу Орлеанс, додека Феникс беше подобар од Далас на гости со 102-95.

И Портланд со 118-109 славеше против ЛА Лејкерс во мечот во кој МекКолум постигна 27 поени, Лилард имаше 21 поен и 10 асистенции, а на спротивната страна Расел заврши со 22 поени.

Се вчитува...