Вестбрук за Коби: Секогаш кога ќе доаѓам во „Стејплс“ ќе играм за него (ВИДЕО)

Расел Вестбрук со 41 поен го предводеше Хјустон во победата на гостински терен кај ЛА Лејкерс со 111-121. По натпреварот тој збореше за влијанието кое Коби Брајант го имаше во неговата кариера.

„Коби беше мој ментор, пријател и брат. Секој пат кога ќе стапнам на паркетот во „Стејплс“ дефинитивно тоа ќе биде за него“, изјави Вестбрук. 

За потсетување, Коби Брајант заедно со својата ќерка Џиџи и уште седум лица несреќно го загуби животот во хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија.

Се вчитува...