Шкендија со 2-1 го совлада тимот на Струга ТЛ, и ја продолжи победничката серија во новата сезона во ПМФЛ, најавувајќи сериозна кандидатура да ја врати титулата во своите витрини.
Тетовскиот тим стигна до четвртиот триумф во четвртиот натпревар, победувајќи и денеска благодарение на голот од пенал на Бесарт Ибраими на четири минути пред крајот на средбата.
Голгетерот на Шкендија Нзенге во 29. минута успеа да донесе предност за тетовскиот тим. Потоа на истиот фудбалер му беше поништен и гол поради офсајд.
Христијан Малески успеа да израмни во 58. минута по досуден пенал. Со иста мера, од белата точка врати и Бесарт Ибраими кој беше прецизен во 86. минута, за голема победа на Шкендија од овој натпревар кој се одигра на ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
