Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ќе паузира три седмици, по истегнувањето на бутниот мускул, повреда што ја обнови на вчерашниот натпревар со Мелсунген. Клубот објави дека нашиот интернационалец ќе мора принудно да паузира во наредните три седмици.
Миркуловски и на СП во Франција во јануари имаше проблем со повредата на мускулот на ногата поради што не можеше да настапи на осминафиналниот дуел против Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА