Вецлар на Миркуловски и Кузмановски го освои Хановер

Ракометарите на Вецлар во кој игра нашиот Филип Кузмановски, а во стручниот штаб е Филип Миркуловски стигна до голема победа во германскиот шампионат откако славеше на гостувањето кај Хановер со 30-33.

Домаќините одиграа подобро во првото полувреме по кое имаа предност од 18-14. Сепак, со одлична игра во вториот дел особено во дефанзивата Вецлар успеа да направи целосен пресврт и да стигне до втората победа сезонава во Бундеслигата.

Филип Кузмановски на овој натпревар не се запиша во листата на стрелци.

Се вчитува...