Вида пред трансфер во Рома

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида е пред трансфер во редовите на италијанската Рома.

Вида е се поблиску до заминување од Бешикташ кој е во големи финансиски проблеми, а „волчицата“ е повеќе од загреана за негов ангажман.

Како што пренесуваат и италијанските медиуми, преговорите меѓу Бешикташ и Рома се во напредна фаза а истите ќе мора да завршат во следните два дена. Римјаните се критични на стоперските позиции поради што решението се бара во хрватскиот дефанзивец.

Се вчитува...